Една натамошна куса информација за вас: Здружение „Универзален живот на сите култури во светот“

Колку членови има Универзален живот?

Носечкото здружение „Универзален живот на сите култури во светот“ во Германија има околу 450 членови. Здружението беше впишано на 30. 10. 1985 година (VR8550) во Франкфурт за да биде признато како носечко здружение за социјални установи, како, на пример, училишта и детски градинки, или социјални служби и како посредник за простори за приредби.

Тоа дејствува и интернационално за ширењето на духовното богатство. Здружението следи исклучиво општополезни цели.

Со Универзален живот се чувствуваат поврзани непознат број луѓе во целиот свет. Межутоа, тие не се опфатени во здруженија, или во инакви групи.

Во светот, секогаш прилагодено на ситуацијата во односната земја, има слични здруженија за поддршка на прахристијанскиот живот, кои ја исполнуваат истата цел и се органи со сопствена одговорност.
Тоа се 32 здруженија во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Азија.
Здруженијата се основани како органи за да можат во своите земји да извршуваат активности на Универзален живот, на пример ширење на пишаното благо и спроведување на приредби.

Универзален живот не е религиозна институција со членство, церемонии, догми и култови. Во Универзален живот не станува збор за тоа луѓето да станат членови на една религиозна заедница. Никој не треба да се врзува за една надворешна институција, бидејќи Слободниот Дух, Интелигенцијата на Сепостоењето, Правечниот Дух-Создател, Кого многумина Го нарекуваат Бог, е слобода и стои над сите религиозни творби и претстави на луѓето.

За да го запознаете Универзален живот вие сте срдечно поканети да ја посетите Софија-библиотеката, Центарот на Слободниот Дух. Таму редовно се одржуваат и приредби. Повеќе за тоа ќе дознаете на Интернет-страницата на Софија-библиотеката.